Украинците потпишаа петиција со која бараат да му се додели украинско државјанство на Џонсон

ФОТО : EPA-EFE Британскиот премиер Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски

Петиција со која на британскиот премиер во заминување, Борис Џонсон би му се доделило украинско државјанство собра над 2,500 потписи, само неколку часа откако беше објавена на официјалната страна за петиции на Украина, пренесува Ројтерс.

Иако неговата популарност во Британија го допре дното, што на крајот заврши со негова оставка, Џонсон во Киев остана доста популарен. Според многумина, од почетокот на војната во Украина, тој е лидер кој најмногу се залагал да и помогне на Украина во нејзината борба против Русија, пишува агенцијата.

Цртежи, мурали, дури и торти со неговиот лик можат да се видат низ улиците на Киев, што само ја потврдува поддршката што Џонсон ја има во Украина. Некои Украинци го нарекуваат „Џонсониук“.

Петицијата, поднесена до украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги опишува јаките страни на Џонсон како „светски поддржан, човек кој е против руската инвазија на Украина и мудар во политиката, финансиите и правото“.

Џонсон вчера на Зеленски му ја додели наградата „сер Винстон Черчил“, за неговата „неверојатна храброст“ во војната против Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот