Украинците формираа своја воена команда во руската област Курск

Со цел да се одржи редот и да се обезбедат приоритетните потреби на населението во контролираните територии во областа Курск, формирана е воена команда и назначен е нејзиниот началник генерал-мајор Москаљов, изјави врховниот командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски.

„На територијата на областа Курск заврши потрагата и уништувањето на непријателот во градот Суџа и уште три населени места. За да се одржи редот и законот и да се обезбедат приоритетните потреби на населението на контролираните територии, формирана е воена команда и е назначен нејзиниот началник, генерал-мајор Москаљов“, додаде Сирски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот