Украина: Во првиот бран ќе добиеме меѓу 120 и 140 западни тенкови

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Киев наскоро, „во првиот бран” ќе добие меѓу 120 и 140 западни тенкови од коалиција од 12 земји.

„Работиме во две насоки: сакаме да вклучиме нови земји во коалицијата која нè снабдува со тенкови, а во исто време бараме повеќе тенкови од земјите кои веќе ни помогнаа”, рече Кулеба на онлајн-конференција.

Киев овој месец обезбеди помош од Западот во форма на борбени тенкови што треба да му помогнат во планираната контраофанзива на југот и на истокот на земјата.

САД побараа од Киев да ги одложи таквите планови додека западната воена помош не пристигне во Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба пред две недели ги повика сите земји кои имаат тенкови „Леопард 2″ да „обезбедат што е можно повеќе од нив” за да и помогнат на Украина да ја одбие руската инвазија.

„Значи, беше формирана тенковската коалиција. Сите оние кои се сомневаа дека тоа некогаш може да се случи, сега видоа: За Украина и нејзините партнери нема невозможно. Ги повикувам сите нови партнери кои имаат тенкови „Леопард 2″ во служба да се приклучат на коалицијата и да обезбедат што е можно повеќе од нив”, напиша тој на Твитер.

Кремљ за тенковите „Абрамс”: Тие горат како и сите други тенкови, но овие се многу скапи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот