Украина во проблеми пред натпреварот со Македонија, отпадна и Јаремчук

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Украинската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми пред гостувањто во Скопје во квалификациите за ЕВРО 2024 година.

Од претходно беше познато дека во Скопје нема да патува фудбалерот на Арсенал Александар Зинченко, а сега Украинците останаа и без напаѓачот Роман Јаремчук. На местото на Јармечук во составот е повикан 24-годишниот фудбалер на Зарја, Назариј Русин.

Јаремчук е напаѓачот кој постигна гол против Македонија на последниот наш натпревар против Украинците на Европското првенство во Букурешт, па секако дека неговото отсуство ќе биде хендикеп за украинскиот селектор.

Украина во Скопје гостува на 16-ти јуни, додека три дена подоцна Македонија во четвртото коло ќе и гостува на Англија на „Олд Трафорд“. Пред овие дуели со проблеми се соочува и селекторот Благоја Милевски бидејќи најверојатно не ќе можеме да сметаме на услугите на Бојан Миовски.

Македонија досега во квалификациите одигра еден натпревар во кој на домашен терен бевме подобри од Малта со 2:1.

Добра вест за Македонија: Муслиу спремен за натпреварите со Украина и Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот