Украина трпи „болни загуби“ во Донбас, вели Зеленски

Зеленски / Фото EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Украинската армија трпи „болни загуби“ во источниот регион Донбас и другите области на фронтот во Украина, рече претседателот Володимир Зеленски во видео-обраќање доцна во ноќта.

Тој нагласи дека на Украина и е потребно модерно противракетно оружје за да ја одбрани својата територија.

Зеленски, исто така, рече дека очекува инспекции на логистиката во армијата поради извештаите дека некои украински војници немаат доволно лична заштитна опрема.

Тој рече дека е од витално значење да се брани Донбас, бидејќи тоа ќе биде „клучно за одредување кој ќе доминира во наредните недели“.

„Колку повеќе загуби претрпи непријателот таму, толку помалку ќе имаат моќ да ја продолжат агресијата“, рече Зеленски.

Тој рече дека иако најжестоките борби се во Северодонецк и во сите градови и заедници во близина, „загубите, за жал, се болни – но мора да се одржиме, ова е нашата држава“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот