Украина спречила атентати на клучните команданти

Украина знаме / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Руски агенти им ветиле на двете приведени лица по 150.000 долари за убиство на три лица – на министерот за одбрана, на шефот на разузнавањето и на истакнат активист

Украинската служба за безбедност уапсила две лица, од Луханск и од Киев, за кои тврди дека работеле за руски тајни служби со цел да бидат убиени украинскиот министер за одбрана и шефот на агенцијата за воено разузнавање.

СБУ соопшти дека бил спречен обид на руската служба за воено разузнавање ГРУ да се искористи саботерска група за спроведување три убиства. Руски агенти им ветиле на двете приведени лица по 150.000 долари за убиство на три лица – на министерот, шефот на разузнавањето и на истакнат активист.

Агенцијата СБУ поминува низ критичен период откако пред неколку недели претседателот Володимир Зеленски го разреши нејзиниот шеф поради „десетици случаи на соработка на украински функционери со агенти од Русија“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „не може да се дозволи Русија да ја малтретира Украина“.

– Ако дозволиме една голема земја да малтретира помала земја, да ја нападне и да ја заземе нејзината територија, тогаш тоа ќе биде „отворена сезона“, не само во Европа, туку и низ целиот свет – изјави Блинкен при посетата на Јужна Африка.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден објави дека на Украина ќе ѝ испрати уште еден пакет воена помош, во вредност од 1 милијарда долари. Станува збор за најголемата испорака на оружје за Украина од американските резерви. Пакетот вклучува дополнителна муниција за ракетните системи од типот ХИМАРС, како и артилериска муниција, минофрлачки системи, противтенковски ракетни фрлачи и 50 оклопни медицински транспортери „м113“ и опрема. Со тоа, вкупната вредност на американската воена помош за Украина ќе изнесува околу 9 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот