Украина: Секојдневно се зголемува ризикот од катастрофа во Запорожје

Запорожје/ Фото EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCIES MINISTRY

Опасноста за нуклеарната централа Запорожје, на југот на Украина, каде Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање повеќе од една недела, „се зголемува секој ден”, изјави денеска градоначалникот на градот каде се наоѓа електраната.

„Опасноста се зголемува секој ден”, рече Дмитро Орлов, градоначалник на Енерходар, осудувајќи го „вистинскиот нуклеарен тероризам” на Русија, кој „во секој момент може да заврши со последици”.

„Нуклеарната централа е гранатирана секој ден и ноќ од окупираните села…ситуацијата е сериозна и најзагрижувачко е што нема процес на деескалација”.

Енерходар, како и нуклеарната централа Запорожје, беа заземени од руските сили на почетокот на март. Дмитро Орлов, лојален на Киев, се засолни во Запорожје, голем град во областа.

Според него, гранатирањето на Енерходар започнало во последните 24 часа, „што досега не се случило”, а во неделата загинал цивил, 45-годишен маж.

Нуклеарната централа Запорожје од минатата недела е цел на гранатирање, за што двете страни меѓусебно се обвинуваат, што ги подгрева стравувањата од нуклеарна катастрофа, поради што во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот