Украина сака да биде еден од домаќините на Светското фудбалско првенство во 2030 година?!

Фудбалската репрезентација на Украина/фото: EPA/ALI HAIDER

Украина би можела да го организира Светското првенство во фудбал во 2030 година, пренесува британскиот „Тајмс“.

Шпанија и Португалија сакаат заедно да бидат домаќини на Мундијалот во 2030 година, а последните информации велат можно е да се организираат и натпревари во Украина.

Претставниците на фудбалската федерација на Шпанија и Португалија ќе го претстават ова партнерство во среда во просториите на УЕФА, а нивниот предлог ќе се базира на идејата дека фудбалот може да ја врати надежта и мирот во светот.

Украина, наводно, е подготвена да им се приклучи на Шпанија и Португалија, а официјална потврда се очекува во среда. „Тајмс“ пишува дека кандидатурата ја дозволуваат украинскиот претседател Владимир Зеленски, како и националните влади на Шпанија и Португалија.

Шпанија и Португалија очекуваат голема придобивка од учеството на Украина во нивната кандидатура во однос на добивање гласови меѓу 211 членки на ФИФА, кои одлучуваат за прашањето за организација на Светското првенство во 2030 година. Ова ќе биде начин за нив да обезбедат дел од гласовите на неевропските земји, со што ќе се спротивстават на кандидатурата на Саудиска Арабија, Египет и Грција. Украина би добила дополнителен публицитет и поддршка за организацијата на натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот