Украина размислува за легализирање на истополовите бракови

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Петиција во Украина со која се бара легализација на истополовите бракови собра доволно потписи и сега ќе може да биде испратена до претседателот Володомир Зеленски, кој ќе го разгледа предлогот, пренесува Би-Би-Си.

Петицијата собрала над 28 илјади потписи, што значи дека претседателот Зеленски има 10 дена да одговори на предлогот.

Хомосексуалноста во Украина не е нелегална, а за исто-половите бракови засега нема никакви закони.

Ова претставува проблем за членовите на ЛГБТИ+ заедницата кои сакаат да ѝ се приклучат на украинската војска во војната против Русија.

На пример, според украинскиот закон, ако еден член од истополовиот брак загине, нивниот партнер не може да го закопа неговото тело.

Онлајн петицијата гласи: „Во ова време, секој ден може да биде последен“.

„Битно е за ЛГБТИ+ луѓето да имаат право да го видат својот партнер и неговото тело во мртовечницата и да бараат компензација доколку е потребно“ вели Оксана Солоннска, од „Киев Прајд“ за Би-Би-Си.

Таа вели дека сите парови ги имаат овие права. Таа се надева дека истополовите бракови ќе бидат легализирани и со тоа луѓето ќе можат да се грижат едни за други.

Првата „Парада на гордоста“ во Украина се одржа во 2013 година и покрај тогашните протести на хулиганите кои им се закануваа на учесниците.

Во Украина често се случуваат напади врз членовите на ЛГБТИ+ заедницата, но поддршката за заедницата во последниве години постојано расте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот