Украина пушти руски авион во воздушниот простор за да спречи трагедија

Фото: Профимедиа

Од Украина денеска соопштија дека е пуштен руски авион во воздушниот простор на земјава со цел да биде спречена трагедија, стои во соопштение објавено на Фејсбук.

Авионот на руската авиокомпанија „Глобус“ летал од Бари кон Москва.

За да се спречи несреќа поради лошото време, на пилотот му била дадена дозвола да го користи воздушниот простор на Украина.

Авионот бил во украинскиот воздушен простор 26 минути, пренесува „Спутник“.

Во 2015 година, во Украина стапи на сила забраната за влез на руските авиокомпании во нејзиниот воздушен простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот