Украина против Русија: 125.000 војници во зоната на конфликтот, подготвен план за инвазија

руска армијаEPA-EFE/

Ризикот од општ вооружен конфликт во југоисточна Украина е исклучително висок и станува предмет на сериозна дебата во Русија, бидејќи меѓународните тензии во регионот разурнат од војна се зголемуваат од ден на ден, предупреди Москва

Во исто време , Украина предупредува дека во тек се подготовки за руска воена инвазија, чиј епилог може да биде само војна.

извор Украинска армија

Обраќајќи им се на новинарите во четвртокот, прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „количината на непријателствата во Украина се уште е висока“, што предизвикува посебна загриженост.

Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека има докази дека Киев значително го зголемува присуството на армијата во регионот на Донбас.

„Според некои извештаи, бројот на војници во зоната на конфликтот веќе достигнува 125.000 луѓе. „Ако некој не знае, ова е половина од целиот состав на Вооружените сили на Украина“, истакна таа.

И додека руската страна предупредува на концентрација на војската од спротивната страна, Украина излезе во јавноста со идентични тврдења.

руски тенкови EPA-EFE/

Закана од вооружен конфликт

Украинската разузнавачка служба објави мапа на која наводно има детален план за руската инвазија. Според украинските разузнавачи, нападот ќе се случи на почетокот на следната година.

Според објавената мапа, руските сили се инфилтрираат длабоко во Украина од север, исток и југ. Доколку навистина се случи инвазијата, тоа би била многу покрвава операција од заземањето на Крим во 2014 година, предупредија агентите на украинската разузнавачка служба.

 руки тенкови EPA-EFE/

Кремљ испрати 92.000 војници на својата западна граница и може да започне повеќекратна офанзива во јануари или февруари, изјави за Милитари Тајмс Кирило Буданов, шефот на украинската разузнавачка служба.

Буданов смета дека приоритет на Москва е да го зголеми внатрешниот притисок врз украинската влада преку кампањи кои шират дезинформации. Меѓутоа, Русија ќе прибегне кон воен напад доколку тактиката на дезинформациската војна не доведе до промена на власта во Киев.

руска армија EPA-EFE/

Сакаат да ја направат ситуацијата внатре во државата што е можно поопасна и тешка и да предизвикаат промена на власта. Ако не можат тоа, тогаш воените единици ќе си ја завршат работата“, предупреди Буданов.

На Русија не и требаше многу време да презентира слични информации, па во моментов се води војна на ниво на протечени воени планови.

Кремљ категорично ги отфрли тврдењата на воениот блок предводен од САД и извештаите на западните медиуми дека Москва ја собира својата војска долж граничната линија со Украина, нарекувајќи ги тврдењата „хистерија“.

Песков, исто така, инсистираше на тоа дека Русија не претставува закана за никого и дека „движењето на руските вооружени сили, како што рече, не треба никого да загрижува“.

украинска армија EPA/

Дипломати: Војната би била катастрофа од невидени размери

Доколку навистина дојде до војна меѓу Русија и Украина, тоа би значело трагедија од непоправливи размери за Украина, Русија, но и цела Европа, оценуваат светските аналитичари

„На Русија и треба внатрешна инјекција за да ги ангажира луѓето, малку да ги смири поради кризата, санкциите од 2014 година и короната .
Доколку двете страни инвестираа во мир, колку и во војна, сега немаше да има проблеми, истакнуваат светските аналитичари

 

 

Украински претседател Владимир Зеленски/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
Зеленски: Ајде да разговараме

Украинскиот претседател Владимир Зеленски повика на директни преговори со Русија со цел да се „запре војната“ на истокот.

„Мораме да ја кажеме вистината, дека нема да можеме да ја запреме војната без директни преговори со Русија“, изјави Зеленски пред украинскиот парламент.

Тој додаде дека „не се плаши од директен разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин, кој се уште не се изјаснил на оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот