Украина подготвува досега невиден напад врз руските позиции, во овој план ќе биде користено моќно американско оружје

Фото: david soulsby / Alamy / Alamy / Profimedia

Украина подготвува „жестоки контрамерки“ како одговор на руското бомбардирање на линијата на фронтот, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека овие напади ќе бидат значително посилни од оние што Украина претходно ги изведе против руските сили.

Украина артилерија EPA-EFE/

Изјавата на Зеленски доаѓа по одлуката на Вашингтон за производство на моќно оружје наменето за потребите на украинската армија Американската војска вчера додели договор вреден 1,2 милијарди долари за шест напредни ракетни системи земја-воздух за Украина, соопшти Пентагон.

Украина артилерија EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Во меќувреме од Самопрогласената Луганска народна република обвинија дека украинските војници истрелале три ракети HIMARS MLRS кон Сватово, град во регионот на Луганск за кој западните разузнавачи велат дека би можел да биде клучна точка и една од најважните битки на истокот во наредните денови.

Украина артилерија EPA-EFE/

Според последните извештаи од Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, се поголем број Руси ги продаваат своите куќи и викендички, плашејќи се дека конфликтот ќе се прошири во тој регион. Во исто време, сега е во тек подготовката на субверзивни партизански групи, кои планираат да ја преземат контролата над полуостровот во наредните месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот