Украина очекува да го добие „Абрамс“ од Австралија

Украина наскоро може да добие австралиски тенкови Абрамс, кои веќе не се во служба на австралиската војска, а Канбера во моментов работи на план со Вашингтон за спроведување на оваа операција.

Извори на австралискиот весник „Sydney Morning Herald“ објавија дека австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс разговарал со украинската влада за „голем број можности“ за испраќање тенкови.

Питер Лихи, кој ја предводеше австралиската армија од 2003 до 2008 година и го надгледуваше воведувањето на тенковите Абрамс М1А1, рече дека бил „изненаден“ што Австралија не била подготвена да и обезбеди на Украина вакви тенкови.

„Иако ги деактивираме, ова е многу сигурен тенк, требаше да биде добро одржуван, има резервни делови… Мораме да ги натовариме на брод и да ги испратиме таму“, додаде тој.

Поранешниот функционер на Министерството за одбрана, Мајкл Шобриџ, нагласи дека тенковите се „во добра форма“.

„Украинците водат војна за национален опстанок, затоа мораме да ги однесеме таму што е можно поскоро“, додаде тој.

Украина поднесе барање двапати, првиот пат во мај 2023 година. Украина побара трансфер на 14 тенкови и обука на екипажот за овие возила. Австралиската влада практично го одби барањето.

Австралија првично рече дека деактивираните тенкови требало да бидат испратени во САД на поправка пред да и бидат предадени на Украина.

Станува збор за 59 тенкови М1А1 Абрамс кои беа повлечени од служба во јули годинава, купени од САД во 2004 година за 340 милиони долари.

Тие ќе бидат заменети со подобрени „M1A2 SEPv3 Abrams“ тенкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот