Украина објави снимка: Пилоти пренесуваат храна во Азовстал среде опсада

Фото: Скриншот, Твитер

Во последните три месеци, украинските војници ја бранеа челичарницата Азовстал и неретко беа без храна и лекови.

Неодамна беа објавени снимки на кои е прикажано како украинските пилоти ги ризикуваат своите животи за да ги снабдат опколените војници со оружје, муниција, лекови и храна, пишува „Експрес“.

Андриј Билецки, еден од основачите на Азовскиот полк, ги пофали пилотите на хеликоптерите.

„Го гледаме максималниот професионализам на украинските пилоти. Нема никаква сличност со „Black Hawk“, Американците никогаш не навлегле толку длабоко во териториите контролирани од непријателот. Тие навлегоа дури 100 километри во територија со интензивна противвоздушна одбрана. Тоа ја прави оваа операција единствена во историјата на човештвото“, изјави Билецки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот