Украина нов учесник на ЕП, Србите се враќаат во игра! (ВИДЕО)

twitter.com/uefaeuro

„Гордиот албион“ среде Софија ја декласираше Бугарија со 0:6, по двапати во листата на стрелците се запишаа Баркли и Стерлинг, а по еднаш Решфорд кој ја започна и Кејн кој ја заврши голеадата.

Во истата група „А“, Косово се враќа во игра за пласман на континенталниот собир, откако дома со головите на Рахмани и Муриќи триумфираше во Приштина против Црна Гора.

Група „А“, табела: Англија 15 бодови, Чешка 12, Косово 11…

Србите славеа против Литванија (1:2), за период од четири минути во второто полувреме се истакна Митровиќ како двоен стрелец, а домаќините само го ублажија поразот преку Казлаускас.

Португалија го претрпе првиот пораз во квалификациите во Киев од Украина со 2:1. Во првиот дел во шестата минута за 1:0 се погрижи Јаремчук, па зголеми Јармоленко, а во 72 минута Роналдо беше прецизен од пенал.

Група „Б“, табела: Украина 19 бодови, Португалија 11, Србија 10…

Турците откинаа важен бод на гостувањето во Париз кај светскиот шампион Франција (1:1). Поведоа „триололорите со погодокот на Жиру во 76 минута, а израмни Ајхан шест минути подоцна.

Шансите за учество на ЕП ги одржува и Исланд кој со 2:0 славеше над Андора со погодоците на Сигурдсон и Сигторсон.

Група „Х“, табела: Турција 19 бодови, Франција 19, Исланд 15…

Квалификации ЕП 2020

Резултати –

Бугарија-Англија 0:6
Франција-Турција 1:1
Исланд-Андора 2:0
Косово-Црна Гора 2:0
Литванија-Србија 1:2
Молдавија-Албанија 0:4
Украина-Португалија 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот