Украина негира дека се „подготвува да го нападне Донбас“

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Украинскиот началник на Генералштабот Руслан Хомчак во петокот ги негираше обвинувањата дека неговата земја се подготвува да го нападне Донбас.

Хомчак преку објава на Фејсбук изјави дека наводите дека неговата земја „се подготвува да го нападне Донбас“ имаат за цел да ја дискредитираат Украина на меѓународната сцена.

Тој додаде дека ова е дел од дезинформациската кампања за ширење паника.

„Ослободувањето на украинската територија со сила ќе резултира со смрт на многу цивили и војници и тоа е неприфатливо за Украина“, рече Хомчак.

Укажувајќи дека украинската армија го поддржува напредокот на Украина на евроатлантската рута, тој истакна дека ја зајакнале воената комуникација на стратешко ниво со НАТО и соработката во Црното Море.

Тој додаде дека евроатлантскиот избор на Украина е право на суверенитет и Русија нема право да се меша во нивната внатрешна работа, додавајќи дека тие сакаат дипломатија и дијалог за решавање на политичката криза.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков тврдеше дека Украина целосно се стреми кон воено решение на кризата во Донбас.

Растат тензиите меѓу Русија и Украина

Во својот говор пред парламентот на 30 март, Хомчак рече дека руските вооружени сили испраќаат трупи во близина на украинската граница под изговор за воени вежби.

Како одговор, портпаролот на Кремљ, Песков, рече дека Русија ги разместува своите вооружени сили на нејзина територија според своето дискреционо право и дека тоа не претставува закана за никого.

Украина е зафатена со конфликти во нејзините источни региони од март 2014 година, по незаконската анексија на Крим од страна на Русија.

Во борбите меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти во источна Украина, според ООН, загинаа повеќе од 13 000 лица.

Извор: Анадолу Агенција 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот