Украина напредува на југот на земјата

украински војници украина киев
Украинска војска/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Украинските војници вратија дополнителна територија во областите кои Русија нелегално ги припои, а силите на Киев напредуваат во близина на јужниот град Херсон и ги консолидираат вратените територии на исток, јавува денеска Би-би-си.

Проруските власти во Херсон го потврдија напредувањето на украинските сили, но велат дека руските сили се утврдуваат. На исток, украинските сили напредуваа во областа Луганск, која е под контрола на Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека има нови ослободени населби во неколку области.

Зеленски истакна дека „жестоките борби продолжиле во неколку области”, но не наведе детали. Напредокот во украинската контраофанзива се чува во тајност, а новинарите главно се држат подалеку од првите редови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот