Украина на Германија ќе ѝ ја отстапи контролата врз железницата во период од десет години
Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Deutsche Bahn“.
Украина планира на германскиот „Deutsche Bahn“ да им ја отстапи својата железница на десетгодишно управување, рече денес украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на „украинскиот доручек “ во Давос.
– Да, сакаме на Германија да ѝ дадеме контрола врз железницата во десетгодишен период – рече Гончарук.
Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Deutsche Bahn“.
Премиерот тогаш рече дека тоа е логично продолжување на планот за реконструкција на украинските железници кој претседателот Владимир Зеленски го најави во септември минатата година.
Гончарук напомена дека не станува збор за изнајмување или продажба на украинските железници.