Украина му одговори на Медведев по заканата: Мало човече со голема несигурност

Михаил Подољак и Дмитриј Медведев
Михаил Подољак и Дмитриј Медведев / Фото: Фејсбук, Михаил Подољак/EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска експресно му одговори на Дмитриј Медведев, еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска напиша оти е прашање дали Украина ќе постои за две години.

Подољак на Твитер го опиша Медведев како „мал човек со огромни несигурности, што шири отров кон Украина“.

„Тоа му е единствениот начин да се докаже“, напиша Подољак и додаде: „Украина постоела, постои и ќе постои. Прашањето е каде ќе биде Медведев за две години“, рече советникот на украинскиот претседател.

Видео на денот