Украина ќе разгледа уште 40 случаи за руски војници осомничени за воени злосторства

Руска војска/ Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Законодавците во Украина истражуваат уште 40 руски војник осомничени дека извршиле воени злосторства во земјата, пренесува новинската агенција Интерфакс-Украина.

Генералниот обвинител Ирина Венедиктова рече дека осомничените ќе бидат под истрага за низа злосторства – од бомбардирање на цивилна инфраструктура, убивање цивили, силување и грабежи.

Осомничените ќе одговараат пред украинскиот суд, додаде таа.

Денеска руски војник обвинет за убиство на невооружен 62-годишен цивил се појави пред судот во Киев.

Вадим Шишимарин (21) беше изведен во судот на прелиминарно рочиште. Му се заканува можен доживотен затвор под обвинение за воени злосторства и убиство со умисла.

За време на телевизиското обраќање во петокот вечерта, Венедиктова рече дека прелиминарните сослушувања за уште двајца осомничени ќе бидат спроведени следната недела.

Во Киев започна судењето на руски војник обвинет за воени злосторства

 

Видео на денот