Украина ќе купува дронови за 550 милиони долари

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украинската армија ќе потроши речиси 550 милиони долари за беспилотни летала во 2023 година и за таа цел има потпишано 16 договори со локални производители, изјави министерот за одбрана Олексеј Резников.

„Оваа година ќе ги зголемиме набавките на беспилотни летала за вооружените сили на Украина. За таа цел имаме намера да издвоиме околу 20 милијарди гривни (547,05 милиони долари)”, напиша Резников на Фејсбук.

Од почетокот на војната, и Украина и Русија користеа широк спектар на беспилотни летала за извидувачки и офанзивни цели. Киев доби значителни испораки на беспилотни летала од своите партнери, кои се движат од турскиот ракетно вооружен „Бајрактар“, до норвешкиот извидувачки дрон „Блек хорнет“, кој тежи помалку од 33 грама. Но, сега Украина исто така сака да го зголеми сопственото производство за да создаде своја „армија на беспилотни летала”, како што рекоа нејзини официјални лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот