Украина ќе добие најмалку 100 тенкови „Леопард“ од Германија, Данска и Холандија

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Германија, Данска и Холандија денеска соопштија дека ќе и достават на Украина најмалку 100 ремонтирани борбени тенкови „Леопард 1“, пренесе Бета.

Министрите за одбрана на трите земји во заедничко соопштение изјавија дека испораката на постари тенкови „Леопард 1“ е дел од напорите за „поддршка на Украина во нејзините напори да се спротивстави на руската агресија“.

– Тоа значително ќе го зголеми воениот потенцијал на Украина за обнова на нарушениот територијален интегритет, изјавија министрите на трите членки на НАТО.

Тие додаваат дека тенковите ќе бидат испорачани „во наредните месеци“ и оти испораката ќе биде придружена со логистичка поддршка и обука.

Со испраќањето на тенкови во Украина не се решава конфликтот, смета Ердоган

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот