Украина ја нападна Русија со дронови: Жителите на Липецк се евакуираат, прогласена е вонредна состојба

Напад врз Русија / Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

Руските власти  ги евакуираа жителите кои живеат  во  деловите на рускиот западен регион Липецк по „масовниот  напад“ од украински беспилотни летала кои  предизвикаа  експлозии, прекин на струја и во кој беа повредени шест лица, изјави регионалниот гувернер Игор Артамонов.

Четири села беа евакуирани откако беше прогласена вонредна состојба во областа Липецк, рече Артамонов, а експлозии одекнале и во близина на воената база на руските воздухопловни сили.

Пожарот избувнал во воздухопловна база надвор од градот Липецк, јави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на локалните власти за вонредни состојби.

Повиците на социјалните мрежи за евакуација на целиот град беа дел од кампањата за психолошка војна на Украина, додаде Артамонов.

Украинските власти засега не информираа ниту пак потврдија дека извеле напади во областа Липецк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот