Украина го запрела дотокот руска нафта кон јужна Европа, причина санкциите против Москва

Гасовод/ Фото Архива на Слободен печат

Украина од 4 август го стопирала транзитот руска нафта за јужна Европа од причина што поради западните санкции не и се префрлени средствата што Москва ги уплатила како надомест за транзит, соопшти денеска руската енергетска компанија „Транснефт”.

Од компанијата е појаснето дека на 22 јули на украинскиот оператор со нафтоводот „Уктранснафта” му бил уплатен транзитот за август, но оти на 28 парите биле вратени бидејќи трансакцијата не била спроведена. „Гаспромбанк” што го извршила плаќањето соопшти дека средствата од уплатата биле вратени поради санкциите на ЕУ.

Русија преку нафтоводот „Дружба” испорачува околу 250 илјади барели нафта дневно за Унгарија, Словачка и Чешка.

Русија веќе ги намали испораките гас за многу членки на ЕУ, правдајќи го тоа со проблемите настанати во одржувањето на пумпите на гасоводот „Северен ток 1″, како и поради санкциите воведени против некои од коминетентите што Москва ги смета непријателски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот