Украина без двајца важни репрезентативци против Македонија на ЕП

Уште 14 дена останаа до почетокот на Европското првенство, репрезентациите веќе ги започнаа своите подготовки.
Помеѓу нив е и селекцијата на Украина, еден од противниците на Македонија во групата „Ц“ на континенталниот собир.
Информациите велат дека украинскиот селектор Андриј Шевченко не може да смета на двајца важни репрезентативци на ЕП.
Тие се играчите од средниот ред, Јевхен Конопљанка од редовите на Шахтјор Доњецк и Виктор Коваленко од екипата на Аталанта кои ќе отсуствуваат поради повреда.
Од претходно е познато дека и нашиот селектор Игор Ангеловски во составот ќе го нема Илија Несторовски поради повреда. Дуелот помеѓу македонската и украинската репрезентација ќе се игра на 17 јуни во Букурешт, Романија.
BREAKING:
Konoplyanka and Kovalenko won’t be in #Ukraine squad it #EURO2020 pic.twitter.com/VNb5LqRauy
— Alex Ivanchenko (@OlexanderIvanc2) May 27, 2021