Украина бара помош од ФБИ за кибер нападот врз „Бурисма Холдингс“

Украина упати апел до Федералното истражно биро (ФБИ) за помош при истражувањето на наводниот кибер напад на руски воени хакери врз енергетската компанија „Бурисма Холдингс”, изјави денеска претставникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Артиом Мињаило.

– Забележано е дека хакерскиот напад веројатно се случил во соработка со руските специјални служби, истакна Мињаило.

„Бурисма Холдингс” беше во центарот на вниманието при обидот на американскиот претседател Доналд Трамп минатата година во јули да побара од украинските власти да покренат истрага против Хантер Бајден, синот на Џо Бајден, кој во таа компанија имал висока позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот