УКРАИНА: 19,5 тони дрога скриени на НЕВЕРОЈАТЕН НАЧИН

Украинските граничари заплениле во Одеса рекордна испорака на дрога од Колумбија, се проценува дека запленети се околу 19,5 тони дрога, пренесе Тасс.

Криумчарите се обиделе кокаинот да го сокријат во пластични канти со боја.

-Планот на трговците бил лесен, да го увезат кокаинот помешен со лак и боја на адреса на една украинска фирма,а потоа да го изолираат во лабараторија, соопшти Украинската државна фискална служба.

Според првичните резултати на истрагата , во кантите од околу 30 килограми покрај бојата имало и по 3 килограми кокаин. Вкупното количество на запленетата дрога ќе биде познато откако целиот товар ќе биде детално прегледан.

Сепак веќе е познато дека станува збор за рекордна заплена на кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот