Украдено интервјуто во кое Нејмар зборува за својата иднина

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Бразилецот Нејмар се приклучи подготовките на ПСЖ по што веднаш одржа состанок со спортскиот директор Леонардо на кој му соопштил дека сака да го напушти францускиот шампион и да се врати во Барселона. За да го забрза процесот на заминување од ПСЖ, Нејмар минатата недела изјави дека најдобар момент во кариерата му е победата на Барселона од 6:1 над ПСЖ во ЛШ.

Сега од Бразил доаѓаат нови неверојатни информации за изјавата на Нејмар кои се граничат во теорија на завера. Имено, мистериозно исчезнало интервјуто кои фудбалерот го дал за најпосетениот бразилски интернет сајт „УОЛ Еспорте“ кое денеска требаше да се емитува.
Интервјуто било направено во два дела, а во вториот дел, Нејмар ги открива плановите за иднина. Интервјуто беше направено додека се одржуваше Копа Америка.
Новинарот кој го правеше интервјуто, објави дека им бил ограбен автомобилот во кој ги оставиле камерите и мемориските картички.

Сепак, сапуницата околу мистериозното исчезнување на интервјуто не е завршена, друга ТВ екипа го снимила интервјуто но и неврзаниот разговор помеѓу новинарот и фудбалерот. Станува збор за ТВ екипа која правела интервју пред „УОЛ Еспорте“ и која „случајно“ ги оставила камерите вклучени во просторијата во која било правено интервјуто. Така тие успеале да го снимат разговорот и мислењата на Нејмар за својата иднина но и за обвинувањата за силување.
Сега истата телевизија бара одредена сума на пари од „УОЛ Еспорте“ во замена за снимката од нивното интервју со Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот