Украдениот златен часовник на Тито понуден на аукција во Хонгконг

Маршалот Јосип Броз Тито/ Фото: License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: TopFoto / Topfoto / Profimedia

Србија разговара со Кина за враќање на златниот часовник што му припаѓаше на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, а кој беше понуден на продажба на аукција во Хонгконг по кражбата од Музејот на Југославија.

Според српската министерка за култура Маја Гојковиќ, рачниот часовник од марката „Патек Филип“ бил украден „пред повеќе од 10 години“ од Музејот на Југославија во Белград за време на изложбата на часовниците на Тито.

– Тој часовник се појави на редовна аукција после 10-15 години. Таа аукција сега е прекината и со кинеските власти бараме модели кога и како ќе биде вратена во Музејот на Југославија, изјави министерката Гојковиќ

Таа додаде дека испратила писмо до сите музеи и галерии во Србија со барање да се направат списоци со украдени предмети.

– Списокот е огромен, што ме изненади. Од 55 музеи и галерии, списоците со украдени предмети ги испратија 32 културни институции, од кои 23 музеи и галерии потврдија дека е во тек судска постапка за украдените предмети, рече Гојковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот