Украдениот накит од златарницата во Париз пронајден во српски автобус

Архива

Автобус кој се движел од Париз до Белград бил запрен од француската полиција во близина на границата. Полицијата тврди дека го пронашла накитот вреден 3 милиони евра, кој пред неколку дена беше украден од познатата златарница „Шоме“.

„Во автобусот влегоа вооружени лица во цивилна облека со порака дека се полицајци. Во еден миг во автобусот настанал хаос, бидејќи патниците не знаеле за што станува збор. Возбудените полицајци со пиштоли во рацете им наредиле на патниците да останат на своите места. Се изгледало како на филм“ раскажал за српските медиуми еден од патниците во автобусот. 

Како што вели патникот, полицијата го пребарала целиот автобус и во него пронашла дела од украдениот накит од златарница во центарот на Париз. По претресот биле уапсени две лица, а бил проверен и целиот багаж на сите патници. 

„Околу 16 часот при претресот полицијата пронашла торба во која бил украдениот накит од златарницата во Париз вреден 3 милиони евра. Целиот „плен“ бил ставен во само една торба“ истакнал анонимниот извор. 

„Возачите повикаа еден од патниците да им преведува бидејќи не знаеле француски. На прашањето од полицијата чија е торбата со злато, возачите одговориле дека не знаат, по што тие констатирале дека торбата „била ничија“ дополнил изворот. 

 

Полицијата и покрај тоа што го пронашла украдениот накит продолжила со претресот на сите патници, но не е познато дали пронашла уште нешто. 

 

Познатата златарница „Шоме“ во Париз е ограбена, одземен накит вреден од два до три милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот