Украдени респиратори од Шведска, пронајдени во ресторан во Загреб

Дваесет и петгодишен Загребчанец бил фатен со украдени респиратори од Шведска кои сакал да ги препродава, објави „Индекс.хр“.

Момчето е осомничено дека во периодот од 8 март до 2 април 2021 година преку компанија од Косово за компанија со седиште во Загреб, во која тој е директор, набавило 24 медицински респиратори од Шведска во вкупна вредност од 350.000 евра.

„За време на кривичната истрага преку меѓународна соработка, беше потврдено дека респираторите биле украдени во Шведска, односно кражбата била пријавена на 15 февруари 2021 година за време на нивниот транспорт низ Шведска“, соопшти полицијата.

Се сомнева дека тој ја набавил медицинската опрема со намера да ја препродава во трети земји иако знаел или морал да знае дека респираторите се добиени со кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот