Украдени пари од црква во беровско Митрашинци

скопје велигден коронавирус црква корона жена моли велики петок причест
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Украдени се пари од црквата „Св.Пророк Илија” во село Митрашинци. Кражбата се случила во периодот од 13 до 17 октомври по што за настанот е известена беровската полиција.

– Во Полициската станица Берово, било пријавено дека во периодот од 13 октомври 2021 до пријавувањето 17 октомври 2021 во 07.00 часот непознат сторител влегол во црквата во беровското село Митрашинци, при што биле одземени пари. По пријавата извршен е увид од страна на екипа на ОВР Берово, соопштија од беровската полиција.

По извршениот увид започната е постапка за откривање на сторителот или сторителите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот