Украдени две слепи хаски со чипови, семејството апелира да ги вратат (ФОТО)

Ленче Ристовска, поранешната специјална јавна обвинителка, на својот профил на Фејсбук објави дека од семејната куќа во тетовското село Лешок им се украдени две кучиња кои се слепи и болни, но семејството апелира да им ги вратат.

Ристовска истакна дека нема да покрене постапки против лицата кои ги украле, само сака да им ги вратат кучињата кои осум години се дел од семејството.

– Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи. Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат. Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите. Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство осум години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години. Ви благодарам, телефон за контакт – 070389848 Љупчо, наведува Ристовска.

Во меѓувреме, Ристовска на Фејсбук пишува дека едно од кучињата, Зоне е најдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот