Украдени акумулатори за напојување на скопскиот аеродром

Македонска полиција/ Фото: Миа

Украдени четири акумулатори од државната компанија за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај М-НАВ. Акумулаторите служеле за напојување на слетна точка на скопскиот аеродром, информира МВР.

Кражбата се случила во објект во сопственост на М-НАВ лоциран во село Катланово кај местото викано „Фазанерија“.

Како што информира полицијата во текот на вчерашниот ден (3 август) околу 16:20 часот непознато лице насилно ја отворило вратата од објектот и ги одзело четирите акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот