Украдени 50.000 маски за лице од магацин за медицински материјали во Келн

маски
Фото: МИА

Непознати лица украле 50.000 маски за лице од магацин за медицински материјали и заштитна опрема во германскиот град Келн.

Кражбата била забележана вчера утрото од еден од вработените.

– Ова е еден сосема нов тип на кражба. Обично се крадат скапи предмети, но сега и за заштитни маски очигледно постои добар пазар – изјави портпаролката на градските болници, додавајќи оти поради грабежот не би требало да има проблем со обезбедувањето маски за лице.

Градскиот кризен тим им нареди на сите болници во Келн да проверат со каква заштитна опрема располагаат и подобро да се заштитат од потенцијалните кражби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот