Украдени 28 машки часовници од продавница за накит во Битола

Запленет часовник/Фото: Царина

Непознато лице во продавница за часовници и накит на улица „Широк Сокак“ во Битола, со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина украл 28 машки часовници во вредност од 575 илјади денари, информира МВР.

-На 15.06.2020 година во 05,00 часот, било пријавено дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола, во продавница за часовници и накит непознато лице со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина и извршил тешка кражба одземајќи 28 машки часовници, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вредност од 575.000 денари- соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот