Украдени 110 тони шеќер од фабриката во Вировитица, полицијата ги пронајде крадците

ФОТО: Virovitica.info

Против 39-годишникот, кој е осомничен за кривично дело прикривање, ќе биде поднесена кривична пријава.

Од фабриката за шеќер во Вировитица се украдени 110 тони шеќер и причинета е материјална штета од 374.800 куни (49.500 евра), извести вировитичко-подравската полициска управа.

Како што е соопштено, вировитичката полиција во понеделникот, на 25. мај, примила дојава дека непознати сторители оттуѓиле поголемо количество шеќер од фабриката во Вировитица.

Криминалистичката истрага утврдила дека непознати сторители во периодот од 22. до 25. мај со употреба на оригинален клич влегле во халата за пакување и складирање на шеќерот, каде со вилушкар извадиле 21 палета пакуван шеќер во амбалажа од 1 килограм, со вкупна тежина од 21.000 килограми. Украдениот шеќер со товарно возило го однесле во непознат правец.

Врз основа на налог на жупанискиот суд во Бјеловар, на 25. мај во вечерните часови е извршен претрес во домот и други простории на подрачјето на Вировитица на 39-годишник и семејното домаќинство на 60-годишник, кои ги користи 39-годишникот.

Во таа прилика се пронајдени над 61.900 килограми шеќер пакувни на палети како и товарно возило со загребски таблички, со кои се служел 39-годишникот. Исто така во багажниот простор се пронајдени 18 палети со повеќе од 17.800 килограми шеќер.

Против 39-годишникот, кој е осомничен за кривично дело прикривање, ќе биде поднесена кривична пријава.

Во вторникот на 26. мај спроведени се криминалистички истражувања над 48-годишник и 52-годишно лице за тешка кражба во шеќераната во Вировитица, се наведува во соопштението од полициската управа.

„Во средата на 27. мај од страна на хрватската индустрија за шеќер е примено оштетно барање во кое е наведено дека им се оттуѓени вкупно 110 тони шеќер и дека им е причинета материјална штета во паричен износ од 374.800 куни“, стои во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот