УКРАДЕНА ЛИМУЗИНАТА НА СТАЛИН: Руската полиција ја истражува кражбата на автомобилот со вредност од 2,5 милиони евра

Руска полициска униформа / Фото: Архива на Слободен печат

Руската полиција врши истрага околу кражбата на редок автомобил ЗИС, за кој се тврди дека му припаѓал на некогашниот советски лидер Јосиф Сталин, соопшти московската полиција.

Како што објавија медиумите, синоќа непознати сторители ја украле лимузината на Сталин, чија вредност би можела да биде околу 2,5 милиони евра.

Од московската полиција не потврдуваат дали навистина автомобилот бил сопственост на Сталин, ниту пак дали е тоа неговата вредност.

– Сопственоста на украденото возило и неговата вредност ќе бидат познати дури откако органите на редот ќе добијат документи како доказ, објаснуваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот