Украден пиштолот од легендарните серијали за „Џејмс Бонд“!

Големата кражба се случила на приватниот имот Алдерсбрук во северната страна на Лондон, на 23 март понеделник.

Поточно станува збор за 5 пиштоли кои се користени во продолженијата на легендарниот серијал „Џејмс Бонд“, а полицијата упатила апел и молба до граѓаните да им се јават доколку имаат било каква информација за кражбата.

Како што изјавуваат, веќе имаат добиено неколку корисни податоци.

Комшиите во понеделникот вечерта слушнале бука, кога 3 мажи избегале од имотот во сребрен автомобил. За жал, комшиите не успеали да ја запомнат регистрацијата, а ги опишале како белци со источноевропски нагласок.

Британската полиција верува дека крадците влегле од задниот влез, а како мотив за кражбата наведуваат две можности.

Profimedia

1. Пари, со оглед на тоа дека се проценува вредноста на пиштолите околу 100.000 евра на пазарот.

2. Опседнатост на данови на филмовите и желба да ја пополнат својата колекција.

Станува збор за пиштолот„Walther PPK“ кој е користен во продолжетокот „A View to a Kill“ од 1985 година, две Берети кои се појавија во „Die Another Day“ од 2002 година.

Украдена е и Llama 95 која се користи во истиот филм.

„Разбирам дека идеш да ограбиш банка, бидејќи ти требаат пари, но да украдеш пиштол од филмот не ми е јасно. Јас не би се закачал со Џејмс Бонд“, гласи еден од коментарите на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот