Укинат полицискиот час во БиХ

Федералниот штаб за цивилна заштита донесе на денешната седница наредба за укинување на полицискиот час во БиХ, а одлуката стапува на сила уште од денес.

Федералниот министер за внатрешни работи, Аљоша Чампара пред неколку дена упати Предлог за укинување на Наредбата за забрана на движење на граѓаните (полициски час) на подрачје на Федерацијата БиХ.

Полицискиот час во БиХ беше воведен на 21 март на препорака на министерот Чампара како дел од мерките поврзани со превенција на ширењето на коронавирусот.

На граѓаните без дозвола им беше забрането движењето од 20 до 05 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот