Укинат карантинот на крузерот „Ворлд дрим” во Хонг Конг

Весникот јавува дека на крузерот немаше потврдени случаи на зараза со коронавирус.

Повеќе од 1.800 патници и речиси ист број членови на екипажот на крузерот „Ворлд дрим” (World Dream), кои беа ставени под карантин во Хонг Конг заради стравувања  од зараза со коронавирус, добија дозвола да го напуштат луксузниот брод, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информација на весникот „Саут Чајна Морнинг Пост” (South China Morning Post).

Весникот јавува дека на крузерот немаше потврдени случаи на зараза со коронавирус.

Исто така, се забележува дека бродот бил ставен под карантин заради стравувањата дека членовите на екипажот биле заразени од патниците од претходната тура на крузерот, кај кои беше потврден коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот