УКИМ одбележува 70 години од основањето

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска со повеќе активности ќе ја одбележи 70-годишнината од основањето и 24 Мај, Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот.

Во универзитетскиот кампус ќе има молебен посветен на браќата просветители, со кој ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј на универзитетскиот кампус, а потоа во аулата на Ректоратот ќе биде промовирана монографијата „Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 1949 – 2019″. Ќе им бидат доделени награди на најдобрите студенти на УКИМ.

Свечената академија ќе се одржи од 20 часот во зградата на Филхармонија, каде се предвидени обраќања на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и премиерот Зоран Заев.

Ќе настапи хорот „Драган Шуплевски” и Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност по диригентство на Сашо Татарчевски и Борјан Цанев.

Предвидена е и проекција на филмот за 70-годишниот развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Влезот на свечената академија е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот