УКИМ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, оваа година онлајн поради пандемијата со ковид-19. 

Како што соопшти УКИМ, на одбележувањето ќе се обрати ректорот Никола Јанкуловски и ќе бидат претставени добитниците на годишните награди за најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за 2019 година

Ќе се одржи и трибина на тема „Отворена наука” со предавачите проф.д-р Никола Стиков од  Универзитетот на Монтреал, Канада, и проф.д-р Владимир Трајковиќ од Универзитетот„Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот