УЈП: Во второто тримесечје скенирани речиси 29 милиони фискални, исплата на поврат на ДДВ во февруари

Фото: МИА

Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

Управата за јавни приходи соопшти дека денеска се заокружува второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денаривкупниот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денариа повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.

Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период. Воедно, апелираат корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот