УЈП: Следи исплата за „МојДДВ“, проверете ја трансакциската сметка

Фото: Слободен печат - А. Мемети

Од Уравата за јавни приходи информираат дека граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ за враќање на данокот, дека треба да ја проверат дали е точна внесената трансакциска сметка, со цел во следниот месец да се изврши најавената исплата.

– УЈП во декември 2019 година ќе изврши враќање на 15% од платениот ДДВ на трансакциска сметка на граѓаните-корисници на апликацијата „МојДДВ“. За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, ги повикуваме граѓаните кои се корисници на апликацијата „МојДДВ“, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата „МојДДВ“ за да им се изврши враќањето на данокот – велат од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот