УЈП: Примени над 13.500 апликации за поддршка на исплата на плати во октомври, исплатени скоро 12.000

Одобрени се над 13.500 барања за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за месец октомври од кои веќе се исплатена речиси 12.000.

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека досега се одобени вкупно 13.696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври во 2020 година, а исплата е извршена на 11.954 работодавачи.

– Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 милиони денари, а опфатени се 58.302 вработени. Во тек е процесирање на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение, наведуваат од УЈП.

Оваа мерка е дел од четвртиот пакет економски мерки и се однесува за поддршка на работодавачите за исплата на плата на вработените во последните три месеци од оваа година, односно за октомври, за ноември и за декември.

Мерката беше дел и од претходните пакети антикризни мерки, кога поддршката изнесуваше 14.500 денари, а поддршката сега е скалеста во зависност од тоа колку се намалени приходите на фирмата и изнесува од 14.500 денари до 21.776 денари по вработен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот