УЈП подготви три кривични пријави за фирми поврзани со „Рекет“

Фото: Слободен печат

Станува збор за невладината организација Меѓународен сојуз, за Томато продукција и БЈМ медиа Груп.

УЈП подготвила три кривични пријави за фирми кои се поврзани со случајот „Рекет“ и кои треба наскоро да бидат процесуирани. Станува збор за невладината организација Меѓународен сојуз, за Томато продукција и БЈМ медиа Груп, која ја основаше 1ТВ и чиј сопственик е таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, Миле Јовановски.

Од УЈП не откриваат повеќе детали, но во интервјуто за „Слободен печат“ директорката Сања Лукаревска потенцираше дека Управата не е нем набљудувач во врска со случајот „Рекет“ и тие самостојно започнале со контроли на компаниите кои се поврзани со Боки 13. Тогаш директорката изјави дека Управата имала намера, сите сомнителните наоди да им се предадат на обвинителите, како што и ќе се случи наскоро.

Од Управата на денешната неформална средба со новинарите посочија дека наскоро ќе започнат со засилени контроли во повеќе услужни дејности, со цел да се стопира „сивата економија“, како и нелојалната конкуренција, но засега не сакаа да откријат за што точно станува збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот