УЈП: Нема промени во исплатата на помошта за плати

ујп денари

Актуелните прописи, предвидуваат помошта да се исплатува на сметката на работодавачот кој ја барал, па така е прилагоден и софтверот на Управата за јавни приходи. За „Слободен печат“ од УЈП, велат дека со оваа мерка се дава поддршка на работодавачите за исплата на бруто платата.

Но, доколку се донесе мерка за финансирање само на делот од нето платата и нејзина исплата директно на работниците, Управата, ќе направи проценка на времето и ресурсите потребни за таа имплементација.

Оттука е јасно дека нема да има промени при исплатата на финансиската помош и таа и натаму ќе легнува на сметките на работодавачите. Евентуални корекции, би дошле предвид, само ако во наредниот период се смени законската регулатива за оваа антикризна мерка.

Од Управата за јавни приходи, информираат дека нивниот информациски систем е прилагоден во согласност со законските прописи, кои предвидуваат „финансиската поддршка на работодавачите да се спроведува преку владината Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, со исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот – барател на финансиска поддршка за исплата на платите на работниците“.

Мерката се спроведуваше за април, мај и јуни, и за октомври, ноември и декември 2020 година. Ваква помош се најавува и во Петтиот пакет антикризни мерки и според најавите од министрите, нема да има промени во начинот на префрлање на средствата.

-Овие прописи ги уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите на работниците. УЈП го прилагоди информациониот систем согласно овие законски прописи со кои е предвидено дека финансиската поддршка на работодавачите ќе се спроведува преку владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, со исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот – барател на финансиска поддршка за исплата на платите на работниците – децидни се од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот