УЈП направила две контроли кај приватните превозници и ЈСП, набрзо ќе ги достави записниците

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Управата за јавни приходи спроведела два типа на контроли во ЈСП „Скопје“ и во приватните автобуски превозници „Макексперс“ и „Слобода превоз“. Записниците од првата контрола веќе им биле доставени на претпријатијата, а наскоро, како што рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ќе се достават и записниците од втората контрола.

Првичните контроли за деловните односи кои ги имаа приватните превозници спрема ЈСП ги имаме завршено со цел да ги видиме обврските кои ги има ЈСП кон нив. Дел од нив веќе сами ги објавија записниците од завршените контроли. Врз основа на тоа што првично го имаме утврдено во рамки на контролата за деловни односи, ние направивме проширување по основ на ДДВ и во ЈСП и кај двата приватни превозници. При крај сме и во делот на втората контрола и наскоро ќе ги доставиме записниците до даночните обврзници – посочи Лукаревска како одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот