УЈП: Во 2018 година највисоката просечна бруто плата изнесувала 249.000 евра месечно

Највисока просечна бруто плата во 2018 година била исплатена во здравството и изнесувала 249.000 евра месечно. Втора по висина е просечната плата од 231.683 евра месечно, а третата е 187.971 евра.

Овие податоци ги презентираше УЈП.

Според податоците најмногу пријавени други приходи, надвор од плата, пријавил скопјанец, и тие на годишно ниво изнесуваат 1.939.332 евра.

– На листата највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутински производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи,
аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти. Највисокото лично примање по друг основ изнесува 119.268.921 денар на годишно ниво на граѓанин од Скопје. Во 2018-та година е остварен највисок износ на капитална добивка во последните 10 години, односно скопјанец по основ на
капитална добивка остварило вкупно 841.164.000 денари бруто приход – кажа Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот